Информативна средба за реформите во системот на социјално осигурување и проценка на попреченост
Во Центарот за развој на Источен плански регион во Штип, на 19 мај 2026 година, се одржа информативна средба во рамки на „Проектот за администрирање на социјалното осигурување“(SIAP), кој Министерството за социјална политика, демографија и млади го спроведува со поддршка од Светска банка.
На средбата присуствуваа претставници од општините Берово, Штип, Виница, Кочани и Зрновци, кои имаа можност да се запознаат со тековните реформски процеси и законските измени во областа на проценката на попреченост и системот на задолжително социјално осигурување.
Во воведниот дел, Ирена Каракасев ја презентираше проектната единица во рамките на Министерството, нејзината улога и активностите кои се реализираат во рамки на SIAP проектот. Во продолжение беше претставена компонентата која се однесува на Централното координативно тело за проценка на лица со попреченост (ЦКТПЛП/CDDCU), со акцент на воспоставување унифициран и функционален систем за проценка на попреченост.
Арлинда Баљaжи ја презентираше компонентата поврзана со Единствениот унифициран регистарски систем за социјално осигурување (СУРС/RZSO), при што беа презентирани законските измени и придобивките од модернизацијата на системот и унапредувањето на управувањето со податоци.
Во рамките на дискусијата, претставниците на локалните институции покажаа значителен интерес за реформските процеси, при што беа отворени прашања поврзани со методологијата на проценка, категоризацијата, локалните бази на податоци и социјалните планови за лица со попреченост. Беше истакната потребата од понатамошна координација и зајакнување на институционалната соработка на локално ниво.
Средбата се одвиваше во конструктивна атмосфера и претставуваше можност за размена на искуства, информации и практики поврзани со процесот на спроведување на реформите.
