На 22 април 2026 година, во просториите на Центарот за развој на Југоисточен плански регион во Струмица, се одржа информативен состанок посветен на реформите во рамки на Проектот за администрирање на социјалното осигурување (SIAP), организиран од Министерството за социјална политика, демографија и млади во соработка со Центарот за развој на Југоисточен плански регион.
На состанокот присуствуваа претставници на Министерството за социјална политика, демографија и млади, претставници од проектната единица на МСПДМ, претставници на локалната самоуправа, членови на советите за социјална заштита на локално ниво, како и претставници на Здружението на граѓани Центар за истражување и анализи „НОВУС“.
Во рамки на состанокот беа презентирани клучните реформи што се спроведуваат преку SIAP, меѓу кои:
- воспоставување на Единствен регистар на задолжително социјално осигурување (SURS),
- воспоставување на Единствен систем за проценка на попреченост преку Централното координативно тело за проценка на лица со попреченост (CDCCU),
- реформа на системот за вработување на лица со попреченост,
- реформа на ризични професии и предвремено пензионирање.
Состанокот го отвори г-а Дрита Аслани, државен советник во Министерството за социјална политика, демографија и млади, која ги претстави реформските процеси и нивното значење за модернизација на системот на социјална заштита преку дигитализација, интеграција на институциите и поедноставување на административните постапки.
Во продолжение, г-а Елена Кочоска ја презентираше компонентата поврзана со воспоставувањето на единствен систем за проценка на попреченост преку Централното координативно тело за проценка (CDCCU), додека г-а Ирена Каракашев се осврна на Единствениот регистар на задолжително социјално осигурување (SURS) и неговата улога во размената на податоци и зголемувањето на административната ефикасност.
Во текот на дискусијата, учесниците споделија практични искуства и отворија прашања поврзани со имплементацијата на реформите на локално ниво, функционирањето на новите системи и достапноста на податоци за лицата со попреченост. Беше нагласена потребата од подобра координација, дополнително информирање и јакнење на капацитетите на локално ниво.
Состанокот придонесе за подобро разбирање на реформите и ја потврди важноста од континуирана соработка и комуникација меѓу централните и локалните институции за успешна имплементација на реформските процеси во рамки на SIAP.
Галерија:

