На 23 декември 2025 година, Министерството за социјална политика, демографија и млади, во рамки на Проектот за администрирање на социјалното осигурување, поддржан од Светска банка, одржа информативна средба посветена на процесот на пилотирање на системот за проценка на лица со попреченост, согласно Законот за системот за проценка на лица со попреченост.
Целта на средбата беше информирање на засегнатите чинители за активностите што ги спроведува Министерството во рамки на пилот фазата, како и запознавање со Нацрт националната методологија за проценка на лица со попреченост и начинот на нејзина примена во пракса.
На средбата беа презентирани клучните аспекти на процесот на пилотирање, улогата на надлежните институции и значењето на вклучувањето на лицата со попреченост и нивните организации. Присутните активно учествуваа во дискусијата со прашања, коментари и предлози, кои ќе бидат земени предвид во понатамошниот развој на системот.