На 20 јануари, во рамки на регионалната конференција во Романија, Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, одржа конструктивен состанок со директорите на Светската банка за да се дискутира напредокот на Проектот за администрирање на социјалното осигурување, спроведен од Министерството со поддршка на Светската банка.
Проектот, вреден 13,8 милиони евра, е една од клучните реформи во системот на социјалното осигурување. За само една и пол година го тројувме користењето на средствата и значително го забрзавме спроведувањето.
Идните реформи вклучуваат: унифициран систем за регистрирање на корисниците (SURS), нов систем за проценка на лицата со попреченост, подобрување на условите за вработување на лицата со попреченост и модернизација на институционалните процеси.
Со Светската банка се дискутираше и можноста за продолжување на рокот на проектот за да се обезбеди квалитетно спроведување и одржливи системи кои функционираат непречено.
Нашата посветеност останува јасна: модерен, праведен и ефикасен систем на социјално осигурување во служба на секој граѓанин.